Со употреба на ткн. Packer системи вршиме санација на пукнатини и лоши споеви на цевките со помош на кратки линери. Оваа технологија е погодна за брза и економична санација на пукнатините на цевките и лоши споеви на сите видови постоечки цевководи.

Материјалот за санација е составен од платно стаклена волна импрегнирана со специјална силикатна или епокси смола.

ТЕХНИЧКИ КАРАКТЕРИСТИКИ:
  • Дијаметар: DN80 – DN1200,
  • Должина на линерот: 0,5 m – 5 m,
  • Материјал: силикатна или епокси смола,
  • Можност за вградување во цевковод во употреба без потреба за by-pass.