Неколку зборови за нашата компанија

ЕКО-ТЕАМ е динамична приватна компанија која во досегашното долгогодишно работење стекна драгоцени искуства во сите подрачја на индустриската екологија и заштита на животната средина и стана препознатлив фактор во решавање на сите значајни еколошки проблеми во Македонија.

ЕКО-ТЕАМ е услужна компанија која во своето работење користи сопствена современа опрема и најмодерни технолошки методи и постапки во областа на згрижување на отпад и заштита на животната средина. ЕКО-ТЕАМ поседува потребна флексибилност во разбирање и решавање на проблемите и потребите на своите клиенти.

ЕКО-ТЕАМ има квалификувани и искусни работници кои во соработка со признати стручни лица од сите профили ги решаваат и најкомплексните задачи за кои е потребно неконвенционален пристап и креативност.

Иновацијата и континуираното вложување во стручни работници и најнапредни технологии е она што го прави ЕКО-ТЕАМ да биде Ваш прав избор.

Наши клиенти

Благодарение на нашата посветеност, долгогодишна работа и големо искуство во решавање на проблеми во сите области на индустриска екологија и заштита на животната средина, имаме можност да работиме на големи и значајни проекти. Ова се некои од клиентите кои ни укажаа доверба и со кои постигнавме долгорочна соработка и взаемно почитување.

Сертификати