Primus line® е флексибилна пластична цевка со голема цврстина и мала дебелина на зидовите. Квалитетот на овие цевки се базира на лесно ткаено арамидно влакно кое е вградено во пластичната цевка. Со оглед на горенаведеното, Primus line® е цевка која ја красат својства на голема флексибилност и цврстина. Primus line® цевката не пренесува радијално оптеретување на постоечката цевка. Работниот притисок на Primus line® цевката по завршување на санацијата е независен од постоечкиот цевковод.

ПРИМЕНА
  • Водоводи (питка вода)
  • Водоводи (технолошка вода)
  • Гасоводи
  • Нафтоводи.
ТЕХНИЧКИ КАРАКТЕРИСТИКИ
  • Дијаметар : DN150 – DN500,
  • Притисок: <70 bar*,
  • Дебелина на зидовите: 6 mm,
  • Домет на санација од едно окно: 1500 m.

*Во зависност од дијаметарот и намената на цевководот