Како посебно специјализирана компанија во оваа област на своите клинети им нудиме услуги за отстранување на азбест од постоечките објекти, како и услуга за собирање и згрижување на отпад кој содржи азбест.

Нашите работници се специјално обучени за работа со забест и за таа цел во можност сме да ви обезбедиме комплетна услуга за отстранување на азбест од постоечките објекти.

При изведување на работите за отстранување на азбестот посебно внимание посветуваме на заштита на работниците и работната околина, со цел да се избегне дополнителна  контаминација на просторот со азбестни влакна.

НАШАТА УСЛУГА ЗА ОТСТРАНУВАЊЕ НА АЗБЕСТ ОД ПОСТОЕЧКИ ОБЈЕКТИ ГО ОПФАЌА СЛЕДНОТО:
  • Подготовка на работната средина за безбедно отсранување на азбестот и избегнување на дополнителна контаминација со истиот,
  • Земање примероци и квалитативна анализа на материјалот за утврдување на видот на азбестот,
  • Отсранување на меко и цврсто врзан азбест,
  • Пакување на материјалот (отпадот) кој содржи азбест во посебна амбалажа за сигурен транспорт,
  • Земање примероци и одредување на присутност на азбестни влакна во атмосферата на работната околина,
  • Транспортирање на отпадот кој содржи азбест и негово згрижување во согласност со законската регулатива.
НАШИТЕ РЕФЕРЕНЦИ ЗА ОТСТРАНУВАЊЕ НА АЗБЕСТ, МЕЃУ ОСТАНАТОТО, ВКЛУЧУВААТ И ОТСТРАНУВАЊЕ НА АЗБЕСТ ОД:
  • Бродови;
  • Платформи;
  • Индустриски објекти;
  • Семејни куќи и згради.