Компанијата ЕКО-ТЕАМ ДОО ( во продолжение „ние„, „за нас„, „наш„ и сл.) е сопственик на веб страницата eko-team.net ( веб страница ). Ја креиравме оваа изјава за приватност како би покажале дека се грижиме за приватноста на нашите корисници и како би ги информирале за начинот на прибирање и обработка на личните податоци на оваа веб страница.

Ве молиме оваа изјава внимателно да ја прочитате како би дознале на кој начин ги собираме, обработуваме, штитиме или на било кој друг начин ги користиме Вашите лични податоци.

СОБИРАЊЕ НА ПОДАТОЦИ

Личен податок е секој податок кој се однесува на поединец чиј идентитет е познат или може да се утврди. Поединец чиј идентитет може да се утврди е личност која што може да се идентификува директно или индиректно, особено со помош на идентификатори како што се име, идентификациски број, податоци за локација, мрежен идентификатор или со помош на еден или повеќе фактори својствени за физичкиот, физиолошкиот, генетскиот, менталниот, економскиот, културниот или социјалниот идентитет на поединецот.

Вашите лични податоци ги прибираме само кога доброволно ни давате такви информации. Вашите податоци ги прибираме кога ќе ја пополните формата за контакт или кога ќе се пријавите за newsletter.

Потребно е да знаете дека информациите и податоците кои не се лични можат автоматски да се прибираат преку нашите интернет сервери или со користење на колачиња. Кликнете овде за да ја прочитате нашата политика за колачиња.

Примери за информации за Вашето користење на страницата: Најпосетени и најгледани страници и врските со нашата веб страница, бројот на пополнети обрасци, времето поминато на страницата, најпопуларните клучни зборови кои корисниците ги водат до нашата веб страница, Вашата IP адреса, информации ки се прибираат преку колачињата, податоци за вашиот сметач како хардверски поставки, системски активности, видови на пребарувачи и сл.

ОБРАБОТКА НА ПОДАТОЦИ

Вашите податоци ги користиме за една или повеќе од наведените цели:

  • Заради персонализација на Вашето корисничко искуство ( прибраните информации ни помагаат подобро да одговориме на Вашите индивидуални потреби);
  • Заради подобрување на нашата веб страница ( постојано настојуваме да ја подобриме понудата на нашата веб страница на основа на повратните информации кои ги добиваме од нашите посетители );
  • Да се воспостави примарен канал за комуникација со Вас;
  • Заради повремено праќање на е-пораки ( кои се однесуваат на повремено добивање на вести ( доколку го сакате тоа) , ажурирање, информации за слични производи или услуги и друго)

ПОВРЗАНОСТ СО ТРЕТИ СТРАНИ

На нашата веб страница не нудиме ниту даваме услуги или производи од трети страни.

УПОТРЕБА НА КОЛАЧИЊА

Со цел да дознаете како ги користиме колачињата прочитајте ја нашата политика за колачиња на http://eko-team.net/politika-za-kolachinja/.

ЗАШТИТА НА ВАШИТЕ ПОДАТОЦИ

Со цел да ги заштитиме личните податоци кои ги праќате преку оваа веб страница, користиме физички, технички и  организациски мерки на сигурност. Постојано ја надоградуваме и тестираме нашата сигурносна технологија. Пристап до Вашите податоци имаат само вработените кои е потребно да ги знаат тие информации со цел да ви овозможат некои користи или услуги. Освен тоа, ги едуцираме нашите вработени за важноста на доверливоста на податоците и за заштита на приватноста и заштитата на Вашите податоци.

СКЛАДИРАЊЕ И ПЕРИОД НА ЧУВАЊЕ НА ПОДАТОЦИТЕ

Сите податоци се складирани во базата на податоци репозиториите на DigitalOcean cloud server во Амстердам, Холандија.  Складирањето на податоците нема да го пренесеме во држави кои се наоѓаат надвор од Европска Унија.

Вашите лични податоци ги чуваме и штитиме за време на Вашиот деловен однос со нас. Личните податоци кои сте ни го дале за деловна или контактна цел редовно ги бришеме по 12 месеци од денот кога сте ни ги дале тие податоци.

ПРАВА НА ПОЕДИНЕЦОТ

Доколку сакате да знаете дали поседуваме или обработуваме Ваши лични податоци, или доколку сакате да пристапите до личните податоци кои ги имаме за Вас, ве молиме да не контактирате на info@eko-team.net.

Исто така можете да побарате информации за: видот на обработка на податоците, категорија на личните податоци кои се обработуваат; кој надвор од нашата компанија ги примил Вашите лични податоци од нас; кој е изворот на личните податоци ( доколку не сте ни ги дале нам директно); и колку долго ги чуваме податоците. Имате право на корекција на личните податоци кои ги поседуваме доколку не се точни. Исто така можете, со неколку исклучоци, да побарате да ги избришеме Вашите податоци или да престанеме со нивна обработка. Можете да побарате да ги користиме Вашите податоци за директен маркетинг. Во многу држави имате право да доставите тужба до надлежниот орган за заштита на податоци доколку не сте задоволни од начинот на кој што постапуваме со Вашите лични податоци. Доколку е технички изводливо, ние врз основа на Вашето барање ќе ви пратиме Вашите лични податоци или директно ќе ги пренесеме на друг раководител за обработка.

Доколку ни поднесете барање за праќање на Вашите лични податоци на info@eko-team.net, Вашето барање ќе биде исполнето без финансиска надокнада. Доколку не сме во можност да одговориме на Вашето барање во разумен период, ќе ве известиме за датумот кога ќе бидеме во можност да одговориме на Вашето барање.  Доколку од некоја причина не можеме да го исполниме Вашето барање, ќе ви испратиме објаснување зошто не сме во можност да го задоволиме Вашето барање.

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПОВРЕДА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

Во случај на повреда на личните податоци ќе ве известиме Вас и надлежниот надзорен орган преку е-маил порака во рок од 72 часа за видот на повредата, опфатените податоци, можното влијание на нашите услуги и нашите планирани мери за обезбедување на податоците и ограничивање на било какви штетни влијанија врз поединецот.

Известување за повредата нема да ви пратиме во следните случаи:

  • Доколку постојат технички или организациски мерки ( како што е енкрипција) кои се применуваат врз личните податоци врз кои е извршена повредата, кои податоците ги прават неразбирливи за било кој поединец кој нема овластување за пристап;
  • Доколку сме превземале дополнителни мерки со кои се обезбедува дека повеќе не е веројатно дека ќе има висок ризик за правата и слободата на поединецот;
  • Доколку тоа подразбира непропорционален напор ( во тој случај ќе ве известиме преку средствата за јавно известување или слични подеднакво ефективни мерки).

        Повредата на личните податоци значи повреда на сигурноста која води до ненамерно или незаконско уништување, губење, измена, неавторизирано откривање или пристап до личните податоци кои се пренесуваат, чуваат и обработуваат во врска со нудење на нашите услуги.

ВАША СОГЛАСНОСТ

Со користење на оваа веб страница давате согласност за оваа политика за приватност.

ИЗМЕНА НА НАШАТА ПОЛИТИКА ЗА ПРИВАТНОСТ

Во случај на измена на нашата политика за приватност ќе ве известиме за тоа на оваа веб страница и ќе го ажурираме датумот на измена на политиката за приватност како што следи.

Оваа политика за приватност последен пат е изменета на 16.05.2018 година.

ПРАВО НА ЖАЛБА ДО НАДЛЕЖЕН ОРГАН

Во било кое време можете да доставите жалба до надлежен орган во врска со нашето собирање и обработка на Вашите лични податоци.