Primus line® е флексибилна пластична цевка со голема цврстина и мала дебелина на зидовите. Квалитетот на овие цевки се базира на лесно ткаено арамидно влакно кое е вградено во пластичната цевка. Со оглед на горенаведеното, Primus line® е цевка која ја красат својства на голема флексибилност и цврстина. Primus line® цевката не пренесува радијално оптеретување на постоечката цевка. Работниот притисок на Primus line® цевката по завршување на санацијата е независен од постоечкиот цевковод.
ПРИМЕНА
- Водоводи (питка вода)
- Водоводи (технолошка вода)
- Гасоводи
- Нафтоводи.
ТЕХНИЧКИ КАРАКТЕРИСТИКИ
- Дијаметар : DN150 – DN500,
- Притисок: <70 bar*,
- Дебелина на зидовите: 6 mm,
- Домет на санација од едно окно: 1500 m.
*Во зависност од дијаметарот и намената на цевководот