Чистењето и измивањето на канализациските системи го вршиме со специјални комбинирани машини кои можат да исчистат цевки и до 600 м од едно место.
Наведените машини се опремени со уред за рециклирање на вода, што значително ја смалува потрошувачката на чиста вода потребна за чистење на канализациите.
УСЛУГАТА ЗА ЧИСТЕЊЕ И ИЗМИВАЊЕ НА КАНАЛИЗАЦИИ ВКЛУЧУВА:
- Отпушување на канализациски цевководи,
- Хидродинамично чистење под висок притисок и измивање на цевководите,
- Целосно отстранување на тврдокорните талози и корени со употреба на специјални алати,
- Миење на ревизорските окна под висок притисок,
- Извлекување на отпадниот материјал од цевките и ревизионите окна и негово транспортирање и згрижување.
СПЕЦИЈАЛЕН РОБОТ-РЕЖАЧ/ФРЕЗА
Примена:
- Примена во цевки DN80 – DN800,
- за глодање и/или режење (фрезарење) на неправилно изведените старанични приклучоци на главните цевки,
- за отстранување на корени, остатоци од бетон, армиран бетон и пластика во цевките каде што не можат да влезат луѓе,
- отстранување на сите видови цврсти талози во цевките,
- за подготовка на површините при парцијална санација на канализација со употреба на short- liner/пакувач
- за подготовка на CIPP санација на попречни премостувања кај канализациските цевки,
- за отварање на странични приклучоци на цевките по CIPP/линеарната санација на канализацијата.
CCTV ВИДЕО ИСПИТУВАЊЕ НА КАНАЛИЗАЦИСКИТЕ СИСТЕМИ
CCTV испитување на канализации е технологија која на лицата кои што управуваат со канализацијата им овозможува да ја запознаат фактичката состојба на објектите со кои управуваат.
Нашата опрема е опремена со дигитални робот камери во S-изведба (противексплозивна) кои можат да ги прегледаат и снимат канализациските цевки од сите облици и материјали со дијаметар DN 50 mm – DN 2000 mm.
УСЛУГАТА CCTV ВИДЕО ИСПИТУВАЊЕ ВО СОГЛАСНОСТ СО HRN EN 13508-2 ВКЛУЧУВА
- Дигитален видео преглед на состојбата на канализациската цевка,
- Визуелно кодирање на состојбата на цевководот,
- Визуелно кодирање на состојбата на ревизорското окно,
- Автоматско дигитално мерење на цевководот (надолжен профил),
- Ласерско мерење на пукнатини,
- Ласерско мерење на големините и обликот на цевководот (profiling),
- Снимање на страничните приклучоци,
- Прецизно мерење на должината и дајаметарот на цевките.
Резултат од овие снимања/испитувања е извештај во согласност со нормата HRN EN 13508-2 кој содржи сеопфатна и детална пишана и видео документација која ја одразува моменталната состојба на прегледаните цевки и може да се yпотреби при изработка на дигитален катастар (GIS) на канализацискиот систем.