ЕКО-ТЕАМ д.о.о е компанија која ја нуди услугата чистење на резервоари без влегување на луѓе, која низ минатите години е дополнително подобрена со што би ги задоволила барањата на меѓународниот пазар.
Се до неодамна под чистење на резервоар се подразбираше долг период без работа, што многу зависи од времето, големи количини на талози и ризична работна средина во реакторот.
Поголем дел на проблемите кои настануваат при рачно чистење се отстранети со автоматизирани процеси на чистење на резервоари без влегување на луѓе. Без упортеба на хемикалии дополнително се постигнати големи заштеди со враќање на повеќето корисни делови остатоци од производот во реакторот.
Овој систем на чистење на резервоари е одличен за пловечки резервоари, како и за оние со фиксен покрив.
Системот на чистење на резервоари без влегување на луѓе има во потполност модуларен дизајн и се вградува директно во резервоарот. Благодарение на таквиот дизајн може да се транспортира за краток временски рок до местото на изведување на работите. Главните компоненти на овој систем кои се заштитени од експлозија се подвижни, вшмукувачки и модули под притисок како и перачи под висок притисок. Тие се вградуват по пат на обложување на цевки веќе монтирани на резервоарот.
Целиот процес на чистење се изведува со посебен цевен систем со докажани и проверени елементи за брзо ослободување и високо ефикасни уреди на филтерот.
ПРЕДНОСТИ
- Краткото време за чистење;
- Персконал не мора да е присутен во процесот на чистење;
- Континуирано следење и автоматско исклучување;
- Нема ризик од експлозија;
- Многу високо ниво на враќање на јаглеводороди (на пример, сурова нафта);
- Минимална количина остатоци од талози во резервоарот како и трошоци за одложување на отпадот;
- Минимално ослободување на гасови во атмосферата благодарение на процесот на чистење;
- Помала потрошувачка на вода, електрична енергија и воздух;
- Вкупните трошоци на чистење на резервоар се намалени;
- Единствениот индексиран систем за перење ги опфаќа сите области во резервоарот,
- Рециркулација на средства за чистење во текот на чистење на талогот;
- Трошоците за чистење многу се намалуваат со вредноста на „сочуваните“ јаглехидрати.