Секојдневно се соочуваме со потенцијална опасност од ненадејно излевање на опасни и отровни материи во животната средина. Опасните материи кои секојдневно се употребуваат во индустријата и транспортот може да претставуваат голема опасност по здравјето на луѓето, животната средина и имотот.

ЕКО-ТЕАМ д.о.о за таа цел ја разви услугата за итни интервенции во случај на ненадејно загадување на животната средина. Нашите стручни лица и опрема се постојано 24-часа подготвени, со цел да можеме да одговориме на Вашите потреби при критични ситуации на копно и вода.

Со цел да можеме навремено да реагираме на Вашите потреби, нашата услуга ја надоградивме со воведување на услуга ладен погон која ја нудиме на компаниите кои во своето секојдневно работење користат материи кои  при неконтролирано излевање можат да бидат опасни по здравјето на луѓето, животната средина и имотот. Оваа услуга овозможува подобра комуникација и поефикасна реакција на ненадејно случување, односно овозможува последиците од ненадејното случување да се сведат на минимум. Нашите стручни лица за Вас можат да изработат оперативни планови за интервенција во заштита на животната средина, како и планови за интервенција при ненадејно загадување на вода,со цел нашето знаење и долгогодишно искуство да се вгради во вашите сигурносни постапки.