ЕКО-ТЕАМ д.о.о е компанија специјализирана за санирање и ремедиација на загадени локации и подземни води. Загадените локации со себе носат голем финансиски ризик, а и потенцијално голема одговорност за сопственикот и/или инвеститорот кон надлежните органи. ЕКО-ТЕАМ д.о.о во соработка со своите клиенти ги намалува ризиците и гради доверба за Вашиот проект со примена на најнови технолошки достигнувања.

ИСТРАЖУВАЧКИ ТРУДОВИ

Без разлика дали Вашата цел е затворање на стар индустриски погон, усогласување на постоечката состојба со законска регулатива или пренамена на контаминирана област, успешноста на Вашиот проект за санација ќе зависи од прецизно идентификување на постоечката состојба на контаминаминираната област. Со употреба на напредни истражувачки техники за вас развиваме индивидуални решенија кои се фокусираат на Вашите барања,  намалување на трошоците за санација и да се обезбеди оптимално ниво на грижа за животната средина.

За таа цел за вас изработуваме:

  • Проценка на моменталната сосојба;
  • Процена на ризик;
  • Изработка на план за земање примероци и мониторинг на загаденото подрачје;
  • Избор на соодветна технологија за санација на загаденото подрачје;
  • Студија за влијанија на животната средина;
  • Санација на постоечкото загадување, мониторинг на воздух, почва и подземни води;

САНИРАЊЕ НА ЗАГАДЕНИ ПОДРАЧЈА

Без разлика на големината на проектот нашите in-situ техники овозможуваат брзо, сигурно и финансиски ефикасно решение на проблеми. Нашата експертиза се протега на разни техники вклучувајќи:

  • Термичка дисорпција;
  • Био-ремедиација;
  • Физичко-хемиска обработка;
  • Солидификација / стабилизација;

ТЕРМИЧКА ДЕСОРПЦИЈА

Термичка дерорпција е технологија на санирање на тло загадено првенствено со био-неразградливи органски материи, јаглехидрати, катрани, растворувачи, РАН- соединенија, феноли и слични материи. Оваа технологија ја користи топлината за да потикне испарување на лесноиспарливи и испарливи супстанци,  и на тој начин физички се издвојуваат од загаденото тло.

Безбедноста и сигурноста на оваа технологија докажана со раширена употреба во САД и земјите на ЕУ и е вклучена во листата на така наречените БАТ-ови, (best available techniques), и редовно се употребува за решавање на најтешките случаи на загадено тло.

ПРЕДНОСТИ НА ОВАА ТЕХНОЛОГИЈА СЕ:

КРАТКО ВРЕМЕ НА ТРАЕЊЕ НА ПРОЕКТОТ

Термичката десорпција овозможува санација за значајно кратко време поради можноста за третман на големи количини на загаден материјал за единица време.

ВРАЌАЊЕ НА ЗАГАДЕНАТА ЛОКАЦИЈА ВО ПРВОБИТНА ПОЛОЖБА

Најважна предност на оваатехнологија е нејзината способност да ја обработи загадената почва и да ја врати во првобитната состојба.

ДОЛГОРОЧНА КОНТРОЛА НА ТРОШОЦИ

Термичката десорпција потполно ги отстранува загадувачки супстанции во земјата и спречува да поради делумна и нецелосна санација на истата локација да мора повторно да се санира поради усвојување на построги закони.

ПРИДОНЕС КОН ОДРЖЛИВ РАЗВОЈ

Оваа прифалива технологија за животната средина овозможува повторна употреба на обработената земја било на локацијата која е предмет на санација било за дрига намена, избегнувајќи при тоа одложување наотпадот на  депонија. Се ова овозможува потполна складност со директивите на Европската Унија кои забрануваат одложување на овие врсти на отпад на депониите за отпад.

ЗАГАРАНТИРАН РЕЗУЛТАТ ОД САНАЦИЈАТА

Резултатите од третманот се проверуваат со секојдневно земање на примерок од третираната почва, со што се  потврдува усогласеност со поставените барања.

ЗАГАРАНТИРАНИ РОКОВИ

Дневиот капацитет на третман е однапрет познат со што врз основа на количеството на земјиште предвидено за обработка, точно може да се одреди времетраењето на проектот.