Компанијата ЕКО-ТЕАМ д.о.о на своите клиенти им нуди услуга за лоцирање на губитоци на вода во системите за водоснабдување и технолошките системи, како и брзо и квалитетно изведување на санациските работи со методи со и без ископување. Сите испитувања и санациски работи ги извршуваме со сопствен стручен кадар и со примена на најмодерна опрема.

Возилото за испитување е опремено со следните уреди:

  • Корелатор
  • Логери за притисок
  • Геофон
  • Ултразвучен мерач на проток
  • Уреди за лоцирање на метални и не метални цевки
  • и друга специјализирана опрема.

Нашиот тим кој што е составен од овластени инженери со долгогодишно искуство во специјалистички и санациски работи, изработува Елаборати и Проекти за санација на водоводни и канализациски системи со употреба на современа технологија и матаријали за санација кои гарантираат брза и квалитетна санација, поточно голема заштеда за нарачателот на работата.