Управувањето со отпад претставува голем проблем и трошок за секоја современа компанија оптоварена со предизвикот за конкурентност на пазарот во своето работење.
Комплексната и строга законска регулатива често претставува наизглед непремостлив проблем и дополнително ја оптоварува финансиската страна на Вашето работење.
ЕКО-ТЕАМ д.о.о. е водечка македонска компанија за собирање и згрижување на опасен и неопасен отпад и со цел решавање на Вашите пробеми развивме услуга за собирање и згрижување на отпад.
Со употреба на специјална опрема и амбалажа, во можност сме, на сигурен начин да ги превземеме сите видови на опасен и неопасен отпад од Ваша локација и придржувајќи се кон сите законски обврски, да обезбедиме конечно згрижување на отпадот. На тој начин ја решаваме Вашата загриженост за отпадот и ви овозможуваме да се фокусирате на Вашата основна дејност на работење и да ги намалите трошоците во работењето.
ЗА ВАС ВРШИМЕ СОБИРАЊЕ, ТРАНСПОРТИРАЊЕ И ЗГРИЖУВАЊЕ НА СЛЕДНИТЕ ВИДОВИ НА ОТПАД
- Отпадни моторни масла и масла за јадење,
- Замастени води,
- Отпадни емулзии,
- Отпадни масти,
- Замастен цврст отпад,
- Отпадни филтри,
- Отпадни замастени крпи,
- Отпаден антифриз,
- Отпадни раствори,
- Отпадни бои и лакови,
- Отпадни органски и неоргански хемикалии,
- Фармацевтски отпад,
- Отпад кој содржи азбест,
- И сите останати видови на неоргански и органски цврст и течен отпад.
За вршење на дејноста управување со отпад ЕКО-ТЕАМ д.о.о. ги поседува следните дозволи:
- Дозвола за собирање и транспортирање на опасен отпад ( издадена од страна на Министерство за заштита на животната средина и проеторно планирање),
- Дозвола за вршење на дејност складирање и третман на отпад (издадена од страна на Министерство за заштита на животната средина и проеторно планирање),
- Дозвола за вршење на дејност собирање и транспортирање на комуналниот и другите видови на неопасен отпад (издадена од страна на Министерство за заштита на животната средина и проеторно планирање),
- Дозвола за вршење на дејност трговија со неопасен отпад (издадена од страна на Министерство за заштита на животната средина и проеторно планирање).