ЕКО-ТЕАМ д.о.о како лидер на пазарот во подрачјето на санација на цевководи без ископување ја имплементираше и технологијата за санирање на гравитациски цевководи без ископување.
Овие методи особено се погодни за урбаните средини, старите градски подрачја, патиштата и индустриските погони.
Санирањето го изведуваат специјализирани експерти со најсовремена опрема за овој вид на санација, а материјалот за санација (линер) го произведуваме во нашиот погон.
Предности на методата за санација на гравитациски цевководи без ископување
- Брзо вградување,
- Економично решение,
- Минимално нарушување на работниот процес и влијание врз животната средина,
- Минимален век на траење на цевките е 50 години,
- Не постои опасност од оштетување на околната подземна и надземна инфраструктура (вода, струја, плин, оптички кабли и сл.),
- Го зголемува капацитетот на проток на постоечкиот цевковод,
- Се применува на сите видови на материјали на постоечките цевки,
- Процесот на санација не го попречува редовното работење на канализацискиот систем,
- Спречува продирање на корени во цевководот,
- Потполно отстранување на инфилтрација и пропустливост во постоечките цевки,
- Голема хемиска и температурна отпорност на вградените материјали,
- Ги враќа механичките својства и статичките ( структурни) капацитети на постоечките цевководи,
- Значајно го смалува времето за подготовка на проктот.