ЕКО-ТЕАМ д.о.о како лидер на пазарот во подрачјето на санација на цевководи без ископување ја имплементираше и технологијата за санирање на гравитациски цевководи без ископување.

Овие методи особено се погодни за урбаните средини, старите градски подрачја, патиштата и индустриските погони.

Санирањето го изведуваат специјализирани експерти со најсовремена опрема за овој вид на санација, а материјалот за санација (линер) го произведуваме во нашиот погон.

Предности на методата за санација на гравитациски цевководи без ископување
  • Брзо вградување,
  • Економично решение,
  • Минимално нарушување на работниот процес и влијание врз животната средина,
  • Минимален век на траење на цевките е 50 години,
  • Не постои опасност од оштетување на околната подземна и надземна инфраструктура (вода, струја, плин, оптички кабли и сл.),
  • Го зголемува капацитетот на проток на постоечкиот цевковод,
  • Се применува на сите видови на материјали на постоечките цевки,
  • Процесот на санација не го попречува редовното работење на канализацискиот систем,
  • Спречува продирање на корени во цевководот,
  • Потполно отстранување на инфилтрација и пропустливост во постоечките цевки,
  • Голема хемиска и температурна отпорност на вградените материјали,
  • Ги враќа механичките својства и статичките ( структурни) капацитети на постоечките цевководи,
  • Значајно го смалува времето за подготовка на проктот.