ЕКО-ТЕАМ д.о.о како лидер на пазарот во подрачјето на санација на цевководи без ископување ја имплементираше и технологијата за санирање на цевководи под притисок без ископување.

Голем дел од инфраструктурата за вода за пиење и цевководите под притисок одамна ги поминаа нивните рокови на траење и потребна е итна санација. Целосната замена на цевководот со помош на традиционалните ископувања е долготрајна и непријатна за сообраќајот, луѓето и животната средина. Сепак, овие проблеми можат лесно да се избегнат со користење на неразорувачки решенија за санација на цевки. Овие методи особено се погодни за урбаните средини, старите градски подрачја, патиштата и индустриските погони, а применливи се за сите облици и материјали за оштетените цевководи.

Санирањето го изведуваат специјализирани експерти со најсовремена опрема за овој вид на санација, а материјалот за санација (линер) го произведуваме во нашиот погон. На нашите клиенти им нудиме повеќе методи за санација на цевководите под притисок зависно од оперативните потреби.

ПРЕДНОСТИ
  • Без решавање на имотно - правни односи,
  • Брзо вградување,
  • Минимално нарушување на работниот процес и влијание врз животната средина,
  • Можност за санирање на многу долги делници со еден потег,
  • Не постои опасност од оштетување на околната подземна и надземна инфраструктура (вода, струја, плин, оптички кабли и сл.),
  • Погоден за санација на азбестно-цементни водоводи,
  • Го зголемува капацитетот на протокот на постоечките цевководи,
  • Ја отстранува корозијата,
  • Голема цврстина,
  • Ги враќа механичките својства и статичката носивост на постоечките цевководи,
  • Значајно го смалува времето за подготовка на проктот.